-0.2 C
Скопје
22:00 - 18 февруари, 2026

(ВИДЕО) ТЕА ТАИРОВИЌ – „НЕМА ПОУБАВО ДЕВОЈЧЕ ОД БУГАРЧЕ“: „Кралицата на бакшишот“ со извинување до македонската јавност

Српска поп-фолк пејачка Теа Таировиќ се прослави со нејзиниот хит со наслов „Ајде“ на кој има повеќе од 60 милиони прегледи. Хитот на Теа беше омилен и меѓу македонската публика, но откако ја разлути македонската јавност пејачката е мета на напади на социјалните мрежи.

За време на еден нејзин настап во Бугарија пејачката го промени текстот на македонската народна песна на нашиот познат пејач и автор Јонче Христовски компонирана во далечната 1964 година  –  „Македонско девојче“ во „Бугарско девојче“.


Таировиќ, која важи за многу популарна пејачка во нашата земја, каде постојано настапува во клубови и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја. Со нејзината постапка и промената на нашата легендарната песна „Македонско девојче“ ја разочара целокупната македонска јавност,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)


„Кралицата на бакшишот“ како што е позната во регионот, која само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, каде и да се појави прави одлична атмосфера пред сè поради одличниот изглед и талентот за играње.

„Нема поубаво девојче од Бугарче“ – испеа Теа со што промени дел од рефренот на оригиналната македонска песна.

На социјалните мрежи не стивнуваат критиките од страна на македонскиот народ кон Теа, а пејачката се обиде да се извини и да надомести кон своите фанови во Македонија.

„Ова е песна кога се вика „Македонија“ и која ќе се најде на албумот кој треба да излезе во април оваа година.  Песната ја напиша татко ми и тоа беше песна со која сакав и сè уште сакам да ви оддадам почит и благодарност за сета љубов што ја имам од вас“, СЕ ОБРАТИ ТЕА СО ВИДЕО ПРЕКУ СВОЈОТ ИНСТАГРАМ – ПРОФИЛ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

„Вчера ја пеев песната „Македонско девојче“ во Бугарија во Благоевград. На мојот настап имаше и Бугари и Македонци и на крајот на самата песна тоа што го променив текстот значеше само љубов, едноставно искажување почин и кон едните и кон другите. Ако сакате попрецизно, тој дел од текстот ѝ го пеев на една преубава девојка која беше во публика. Не ме интересираат политичките случувања во ничија земја, ниту во вашата, ниту во мојата. Јас сум позната по тоа што ги спојувам луѓето, ширам љубов низ песните и тоа така и ќе остане“, ИЗЈАВИ ПЕЈАЧКАТА ВО НЕЈЗИНОТО ОБРАЌАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ.

Слични објави

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо
Се вчитува....