15:46 - 29 ноември, 2026

(Видео) Селена Гомез открива со каков маж би била во врска: Ова се нејзините стандарди и критериуми за партнер

Пејачката и актерка Селена Гомез проговори за тоа какви критериуми му наметнува на мажот пред да започне врска, пренесува Индипендент.

Селена Гомез појасни дека поставува одредени стандарди при средба со потенцијален партнер, што според неа влијае на тоа како мажите на крајот ја перципираат.

„Мислам дека имам стандарди и мислам дека сега живеам во свет каде што момците ги мешаат стандардите. Навистина барам X, Y и Z за да го имам партнерот покрај мене“, вели Гомез.

Таа додава дека нејзиниот иден партнер мора да биде кул и тоа „не кул во смисла дека луѓето мислат дека сте кул. Само треба да бидете љубезни и ве молам да ме насмеете, а исто така да бидете љубезни кон моето семејство и луѓето околу вас“.

Уметницата потврди и дека сега е сингл, велејќи дека е подготвена да започне врска ако се појави вистинскиот.

„Мислам дека сите минуваат низ фазата „Ох, би било убаво да имам некој“ и јас го разбирам тоа. Но знаете, јас едноставно уживам таму каде што сум и само сакам да бидам среќнљ со тоа што сум“.

Селена Гомез се забавуваше со Џастин Бибер од 2010 до 2018 година. Уметниците раскинаа неколку пати и повторно се смируваа. Бибер се ожени со моделот Хејли Болдвин во 2018 година. Обожавателите на Селена Гомез го критикуваа Бибер за овој чин. Во меѓувреме, извесно време Гомез излегуваше со музичарот Д Викенд.

Во летото 2022 година, се појавија гласини за романса на Селена Гомез со италијански продуцент. Во јануари беше објавено дека пејачката е во врска со еден од диџеите на The Chainsmokers, Ендру Тагарт. Таа подоцна ги демантираше овие информации.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....