12.8 C
Скопје
12:41 - 21 април, 2026

Новица Василевски раскажа лична приказна: Синот Петар се роди откако се помоливме во Острог, по 19 години се вративме таму

Фолк- пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски ја освоија наградата од новинарите на фолк-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, сношти на Долни Сарај, во Охрид.

Брачната двојка која со синовите Петар и Стефан од 2015 година живее во Австралија, сега се на одмор во Македонија, семејно, но и интензивно настапуваат. На Фестивалот, имаа впечатлив сценски настап со песната „Љубов ни е име“, за која претходно изјавија дека е автобиографска, а се пее за нивната љубов. Автор на текстот на текстот на песната е нивниот колега Горан Тодоровски, а на музиката Сехуан Секо Мемедов.

Зад сцената на фестивалот, Новица ни раскажа дека откако стасале во Македонија, поминале 5.000 километри.

Имаа семеен одмор во Грција, беа на неколку места низ Македонија, на настапи и приватно, да ги посетат роднините и пријателите, а беа на одмор на Црногорското приморје, но и во манастирот Острог, кој има посебно значење за нив.

– Поминавме 5.000 километри откако сме тука. Имавме неколку настапи, а бевме и на свадвба на мојот внук од сестра ми, тоа е и главната причина за која сме дојдени. Заминавме во манастирот Свети Василије Острошки, во Будва, на неколку места на црногорското приморје. Острог има посебно значење за нас, таму се враќаме по 19 години. По нашата последна посета на овој манастир,откако се помоливме, го добивме Петар. Вушност, тој е зачнат во Црна Гора, и верувам дека таа наша посета на Острог не била случајна. Сега, по речиси две децении, се вративме таму со двата сина, и на Петар и Стефан им ја раскажавме приказната. Преспавме во дворот на манастирот, надвор, бевме присутни на литургијата и тоа е нешто што навистина треба да се доживее“, ни раскажа фолк-пејачот. Новица додава дека синовите интензивно се интересираат за музика, и најверојатно дека и тие ќе почнат да пеат што му е многу драго.

Во манастирот Свети Василије Острошки

Татјана и Новица беа едни од највеселите учесници на „Охрид фест“. Се дружеа со колегите, и позираа со синовите, кои им беа најголема поддршка на овој настап.

За фустанот кој го облече, Лазаревска вели дека го нарачала од Италија, а со нив беше и нејзината стилистка, Лилјана Петревска од Гостивар.

Татјана кусо ни изјави дека е многу среќна и исполнета што е во Охрид, и оти одморот во Македонија брзо им поминал. На 13 септември, тие се враќаат во Мелбурн, Австралија.

– Австралија е добра земја за живеење, сѐ е добро организирано и функционира. Ние си работиме од понеделник до петок, а викендите се резервирани за дружби и музика. Му благодарам на Бога сега-засега сѐ е по таман. Јас работам како учителка во градинка, а Новица вози автобус во јавен транспорт – раскажа фолк-пејачката во неодамнешно интервју за Слободен печат.

Татјана и Новица со синовите

 

Фото: Приватна архива

Слични објави

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Еспресо

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо
Се вчитува....