14:05 - 9 ноември, 2026

Петар Грашо ја „отворил“ со песна свадбата на Дарко Лазиќ: Еве колку му било искеширано за 10 минути

Фолк пејачот Дарко Лазиќ пред неколку дена ѝ го кажа судбоносното „да“ во црква на сопругата Катарина, а како специјален гостин на свадбата се појавил хрватскиот пејач Петар Грашо.

Тој ја испеал песната „Јел ти река ко“, на која младенците играле, а како што пренесуваат медиумите, за 10 минути зел повеќе од 2.000 евра.

Извор од музичката индустрија за „Слободна Далмација“ наведува дека пејачот не настапува често на приватни веселби, а повеќе сака да доаѓа на свадби и да им отпее една или две песни на младенците по договор. Тој ангажман чини од 2.000 евра па нагоре.

– Грашо за тие 10 минути што ќе ви пее не доаѓа за под 2.000 евра – тврди изворот.

-Голема желба на Дарко беше оваа песна да биде за првиот танц. Посебно ми е драго кога се во прашање моите колеги – кратко изјави Грашо за српски „Блиц“.

 

 

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....