06:17 - 29 ноември, 2026

(Видео) Секоја жена ќе ја копира модната комбинација на Меланија: Со Трамп излезе на сцената во комплет од 6.140 евра!

По победата, Доналд Трамп со сопругата Меланија и неговиот син Ерик им се обрати на своите поддржувачи во Вест Палм Бич. Пред да го започне својот говор, Трамп застана со горд израз на лицето покрај неговата насмеана сопруга Меланија, која е негов најголем поддржувач во овој важен момент.

Меланија, позната по својата елеганција и стил кој многу дами сакаат да го копираат, за оваа пригода избра сив комплет од луксузниот француски бренд „Диор“.

Само палтото чини 4.000 евра, а здолништето 2.140 евра.  Меланија потрошила 6.140 евра за овој совршен есенски сет кој несомнено ќе послужи како инспирација за жените.

Инаку, Трамп во својот говор посебно се осврна на својата поубава половина Меланија Трамп.

– Би сакал да ѝ се заблагодарам на мојата убава сопруга, првата дама – рекол Трамп, кој потоа ја бакна сопругата.

Ја искористи приликата да се заблагодари на целото семејство, особено на своите деца кои ги нарече исклучителни.

Се сети и на членовите на семејството кои веќе не се меѓу живите, како што е свекрвата Амелија.

-Таа беше прекрасна жена, би била горда – рече Трамп.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....