22:44 - 7 ноември, 2026

(Видео) Превкусен рецепт од баба Анче од Америка: Колачи со сок од портокал

Нашинка во странство, прекрасната и секогаш позитивна баба Анче која живее во Детроит, САД, овојпат ни испрати рецепт за превкусни колачиња од портокал.

Подгответе ги и вие и израдувајте ги најдрагите.

Потребни намирници: 3 жолчки, 250 мл сок од портокал, 250 гр. шеќер, 8 лажици маргарин, 2 мали лажички сода бикарбона, 1 мало лжиче пециво, 900 грама до 1 кг брашно.

Подготовка

Промешајте ги сите намирници заедно, тестото оформете го по ваша желба, или направите топчиња кои се полнат со мармалад и преви одвнатре.

Потоа наредете ги колачињата во тава за печење и шечете 20 минути на температура од 175 степени.

Извалкајте ги колачињата во шеќер во прав.

Баба Анче некогаш ги приготвува со слатко од смокви и вели дека се неодоливи! „Само дупче му се прави на топчето и се полнт со слатко и може да се додаде парченце смоква. Многу се вкусни, се топат во уста“ – објаснува Аница Клокановски.

На здравје!

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....