21:53 - 28 ноември, 2026

(Видео) Претепан учесник во српското ријалити шоу: Пејачот се огласи од Турција со страшни повреди

Српскиот пејач и поранешен учесник во реални шоуа Горан Вујичиќ Вуја е брутално претепан во Турција.

Вуја споделил видео на својот профил на ТикТок во кое напишал дека го нападнале пет мажи, а потоа го покажал своето лице кое било целото во модринки.

– Луѓе, три дена не сум бил на ТикТок, бев нападнат и имав големи проблеми. Не ми е добро, ми треба помош – рекол вознемирениот пејач, без да ги открие сите детали од инцидентот.

 

@vuya..sineNapala su me petorica!!!♬ original sound – vuya..sine


Како што тврди пејачот, до кавгата дошло кога се обидел да рекламира услуги на една компанија, но набрзо влегол во жестока расправија со еден од работниците. Според неговите зборови, ситуацијата брзо излегла од контрола. Работникот повикал уште пет мажи, кои потоа брутално го нападнале.

Засега не е познато дали Вуја го пријавил случајот во полиција, ниту каква е неговата состојба, но видеото што го објави предизвика хаос на социјалните мрежи и лавина од коментари.

Да потсетиме, Горан Вујичиќ стана познат на пошироката јавност преку седмата сезона на српското реално шоу „Парови“, каде што беше во врска со Ениса Бајрамовиќ. Нивната љубов продолжи и по завршувањето на реалното шоу, а двојката и денес живее заедно, често објавувајќи заеднички моменти на социјалните мрежи.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....