6.8 C
Скопје
01:04 - 19 октомври, 2026

Лепа Лукиќ откри дека повторно љуби: „Поминаа 50 години, се врати и ми рече – пак сум заљубен во тебе“

Лепа Лукиќ неодамна јавно призна дека има дечко. Станува збор за нејзина стара љубов, а по многу години, како што откри, емоциите повторно се разбудиле.

Гостувајќи во емисијата „Магазин Ин“, една од темите била: „Дали маж заслужува втора шанса?“. Тогаш Лепа открила дека има емотивен партнер и дека таа врска трае веќе една година.

– Ако сум била заљубена или сум чувствувала нешто кон таа личност, за кратко време таа емоција може да се врати, особено ако тагувам што не сме заедно. Но, ако помине една или две години – тоа веќе не се враќа. Ајде сега да не се залажуваме – рече Лукиќ.

На прашањето на водителката дали некогаш имала криза со самодовербата – дека се чувствувала помалку убава, помалку привлечна – и како го надминала тоа, пејачката одговори:

– Најважно е да си убава сама на себе, што ме интересира комшијата?! Сето тоа доаѓа со годините, ама во мене сè уште имаше немир. Имав 26 години, само што ја снимав „Од извор два путича“, кариерата ми тргна нагоре. Еден господин ми организира турнеја во Германија. Таму започнавме врска, се забавувавме една година, тој имаше 30 години, јас 26 – раскажа Лепа и продолжи:

– На 31 се ожени. Јас продолжив со кариерата, не можевме да се гледаме. Тој се ожени, веќе не знаеше ни каде сум. Сè беше на далечина. Поминаа цели 50 години, тој човек ја изгуби сопругата, се врати во земјата и ми се јави. Ме потсети дека сме имале врска. Ми рече: „Знаеш Лепа, јас имав 30, ти сакаше кариера, мораше да одиш…“ Сакашe да се видиме, јас прифатив. Тој човек никогаш не ги затвори вратите зад себе, емоциите ми се вратија. Се дружевме малку и ми рече: „Знаеш ли што има ново? Повторно сум заљубен во тебе. Ти си убава жена, не би те дал на никого“. Мене ми пријатеше тоа дружење, но ништо не се случи освен платонска љубов – вели Лукиќ.

– Тоа сè уште трае? – праша Сања Маринковиќ.

– Точно една година… Дури и доживеа сообраќајна несреќа, го удрија со кола. Тоа не ми пречи, толку е прекрасен, внимателен, нешто посебно има во неговите очи, нема ниту една бора. Сличен е на мене, а постојано ми вели: „Ти си најубава за мене“ – раскажа пејачката.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....