27.1 C
Скопје
10:37 - 10 јули, 2026

(Видео) „Ова е многу емотивна вечер“: Елтон Џон со солзи во очите се прости од британската публика

Британскиот пејач, пијанист и композитор Елтон Џон се прости од британската публика во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија.

– Ова е многу посебна и емотивна вечер за мене, ова е можеби мојот последен настап во Англија, во Велика Британија, па сакам да помине најдобро, изјави Елтон Џон на почетокот на својот настап.

По отпеаните неколку големи хитови, Елтон Џон го избра својот познат хит од 1974 година „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ да му го посвети на својот голем пријател и легенда, пејачот Џорџ Мајкл кој вчера имаше 60-ти роденден.

Елтон му ја посвети песната со трогателни зборови на својот покоен пријател кој почина на 53-годишна возраст во декември 2016 година.

– Денес е многу, многу посебен ден и се прашувам како да му пристапам. Џорџ Мајкл беше еден од најфантастичните британски кантавтори. Тој ми беше пријател, беше инспирација, а денес ќе му беше 60-ти роденден, па сакам да му ја посветам оваа песна. Целата музика што ни ја остави е толку убава. Ова е за тебе Џорџ, рекол Елтон Џон.

Потоа ги извадил своите славни очила за да си ги избрише солзите.

И тоа беше само едно од многуте изненадувања кои Елтон ги приреди на сцената на легендарниот фестивал, кој го одбележа неговиот последен настап во Велика Британија.

Песната „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ честопати ја изведуваа заедно Џорџ Мајкл и Елтон Џон.

Слични објави

„Господинот совршен“ по раскинувањето со Маја Шупут рака за рака со згодна русокосата, откри што се случило

Еспресо

(Видео) Скандалозен настап на Десингерица – им ја бричеше косата на обожавателите во Хрватска

Еспресо

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо
Се вчитува....