14:17 - 9 ноември, 2026

(Видео) Новата серија со Арнолд Шварценегер руши рекорди: Над 90 милиони часови гледаност

Новата серија „FUBAR“ на платформата Нетфликс, која за само неколку дена имаше повеќе од 90 милиони часови гледаност, што во моментов ја прави најгледаната серија во минатата недела.

Според Нетфликс, серијата се појавила во Топ 10 најгледани серии во дури 90 земји. Станува збор за хумористична серија со Арнолд Шварценегер во главната улога.

Заплетот е заснован на врската помеѓу ќерката Ема и таткото Лук, кои сосема случајно откриваат дека тајно работат за ЦИА, што доведува до низа смешни ситуации во нивното семејство.

Создадена од Ник Сантора, серијата беше премиерно прикажана на 25 мај на Нетфликс.

Со својата нова улога, Арнолд повторно ги воодушеви гледачите на малите екрани. Нетфликс објави дека минатата недела токму оваа серија била најгледана, иако била објавена дури на 25 мај, надминувајќи ги претходно објавените серии „Queen Charlotte“, „Selling Sunset“, „Maid“, „Firefly Lane“…

За четири дена „FUBAR“ е прегледан повеќе повеќе од 90 милиони часови, а прв е во трендингот на Нетфликс ширум светот.

Се уште не е потврдено дали серијата ќе добие втора сезона, иако крајот на првите навестува дека постои таква можност. „FUBAR“ моментално има оценка 6,5 на IMDb, а многу гледачи пишуваат дека се пријатно изненадени.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....