11.8 C
Скопје
02:55 - 4 мај, 2024

(Видео) На концерт на Раста во Загреб настанал невиден хаос, реагирала и полицијата

Настапот на Стефан Ѓуриќ Раста, еден од водечките регионални поп-фолк рапери, во познат клуб во Загреб предизвика гнев кај поголема група посетители, од кои многумина беа малолетни, како и кај нивните родители, пишува „Јутарњи лист“.

Поради ситуацијата, за што сведочат драматичните фотографии од гужвата и хаосот на влезот, таа вечер морала да реагира и полицијата, а родителите на децата кои биле присутни велат дека во еден момент се појавила и интервентната единица. Сепак, немаше поголеми инциденти.

Српскиот изведувач кој го промовира својот филм „3211“ во Хрватска, предизвика огромен интерес кај публиката и го распродаде концертот во загрепскиот клуб, но многумина на влезот во клубот наидоа на непријатно изненадување.

Имено беше забранет влез на лица помлади од 16 години, а бидејќи голем дел од публиката беше помлада од пропишаната возраст, тие мораа да чекаат во долга редица со часови. Тврдат дека никој не ги информирал децата и родителите за правилата.

@buljacema ❤️‍🩹. #rasta #fypシ #goviral #thebest ♬ original sound – ema

Според признанијата на популарната Фејсбук страница „Блогот на мама“, ноќта меѓу 17 и 18 ноември пред клубот владеела вистинска гужва. Се вели дека, не било нагласено дека децата не можат да присуствуваат на концертот, а никаде не била наведена и одредената старосна граница за влез во популарниот клуб.

Според наведената Фејсбук страница, она што ја предизвикало огромната гужва на влезот во клубот е тоа што децата дури на влезот дознале дека треба да имаат „најмалку 16 години за да одат на концертот“.

Понатаму, како што се наведува во објавата на Фејсбук, некои деца на возраст од 12 и 15 години не успеале да влезат во клубот и покрај двочасовното чекање и тоа што биле придружувани од нивните родители.

Веста која се сподели на социјалните мрежи дополнително ја подгреа дебатата за тоа кога всушност им е дозволено на децата да одат на концерт и дали нивните родители смеат да ги придружуваат.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....