22:11 - 8 ноември, 2026

(Видео) Милица Тодоровиќ проговори за својата венчавка: Сонувам да бидам мајка и да правам свадба на остров

Милица Тодоровиќ со недели е главна тема на медиумите поради нејзината љубовна врска со новото момче, бизнисменот Марио од Загреб. И додека медиумите постепено ги откриваат сите детали од врската на пејачката и бизнисменот, Милица неодамна во интервју за медиумите откри неколку детали за своето ново момче.

– Јас сум генерално секогаш тема. Без разлика дали имам дечко или немам, јас имам. Во оваа нова ера на Милица Тодоровиќ, решив да го држам мојот приватен живот во тајност. Веќе неколку дена е во вестите и жал ми е што некои стари текстови и моите поранешни партнери се под влијание на некоја лоша енергија. Не е баш важно колку пати сум водела љубов со бившиот партнер – изјавила пејачката.

На конкретно новинарско прашање дали е зафатена или сама, Милица не одговорила конкретно.

– И зафатена сум и слободна. Зафатена сум поради работите кои ме прават среќна, а слободна затоа што имам сопствен слободен дух. Ја пуштив мојата стара енергија.

Дали имаш дечко? – праша новинарот

– Не сакам да зборувам за мојот приватен живот – рече Тодоровиќ

Водителот го забележал и прстенот на раката на Милица.

– Прстенот е од мојата покојна баба. (се смее) Си го купив за себе. Ова е рубин. Велат дека ја отфрла негативната енергија. Зошто сите сакате да ме омажите?

– Дали сонуваш за свадба – ја прашал новинарот.

– За свадба, понекогаш. Не би сакала голема свадба. Повеќе сонувам да бидам мајка, одамна ми се врати мајчинскиот инстинкт. Но, таа свадба дефинитивно би била циркус, бидејќи сакам да се забавувам. Сум била на многу свадби преку мојата работа и жал ми е што невестата и младоженецот не уживаат во денот. Невестата е исцрпена, младоженецот се опива од маката. Би сакала мојата свадба да биде на мало островче, без фотографии, само оган, танцување, диџеј… Но кога и кажав на мајка ми, таа не се согласи. Она сака да се купува невеста, да се пука во јаболко, сака традиција“, изјави пејачката.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....