15:11 - 9 ноември, 2026

(Видео) Ќерката на Здравко Чолиќ се пофали дека е добра во кујна, а тој на шега рече: Не сум баш сигурен

Здравко Чолиќ во новото интервју, меѓу другото, ја коментирал својата 22-годишна ќерка Уна и се нашалил со коментар за нејзините кулинарски способности.

Уна најчесто го привлекува вниманието на корисниците на социјалните мрежи со своите модни изданија, а неодамна објави и фотографија од пита што ја направила.

@premijera.offical Zdravko Čolić o naslednici Uni. #zdravkocolic #cola #foryou #foryoupage #fyp ♬ original sound – Premijera RTV Pink

„Колку и дали ви пречи што многу се пишува за вашите деца? Уна им е многу интересна на медиумите?“, го прашала Чолиќ новинарката на „ТВ Пинк“.

„Не им можам ништо. Тие ставаат секакви слики таму“, одговорил тој. Новинарката тогаш забележала дека Уна се пофалила дека одлично ѝ оди во кујната.

„Го видов тоа. Не сум баш сигурен, но во ред. Во секој случај, да помогне, тоа може“, изјавил Чолиќ низ насмевка.

Пејачот неодамна за телевизијата зборувал за своите најблиски. Ја споменал и сопругата Александра која ретко се појавува во јавноста.

“Горд сум на моето мало семејство, две мали девојчиња, сега веќе девојки. Жена ми повеќе се грижи. Да беше до мене, би дозволил сѐ. Таа ме критикува, но тоа е така. Од друга страна, јас не можам да бидам премногу строг, некако е тешко. Понекогаш можам да станам малку сериозен. Најчесто сум попустлив“, изјавил тој.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....