20:14 - 28 ноември, 2026

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Имено, Анастасија на својот инстаграм-профил објави видео направено од нивните најубави спомени.

– Среќен роденден Бубо! Те сакам неописливо! Господ нека те чува и некагое благослови секој чекор во животот. Секогаш ќе бидам покрај тебе и ќе те поддржувам до крајот на животот – напишала Анастасија во описот на објавата.

Да потсетиме, Анастасија и Немања се венчаа во јули минатата година во манастирот Рајиновац. Анастасија на црковната венчавка блесна во бел фустан, а кума и беше долгогодишната пријателка и актерка Тара Милутиновиќ.

Двојката живее во Шпанија, а Анастасија еднаш раскажа како морала да го научи нивниот јазик поради живеењето во Севиља.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....