14:28 - 29 ноември, 2026

(Видео) Драгана Мирковиќ ѝ подари специјален роденденски подарок на Тања Савиќ: За најубавата!

Тања Савиќ вчеравечер во еден белградски ресторан го прослави својот 40-ти роденден , а атмосферата беше навистина посебна.

Пејачката за оваа пригода избра елегантен бел фустан кој одлично го истакна нејзиниот стил, додека брановидната коса и црвениот кармин го комплетираа нејзиниот гламурозен изглед. Нејзината шминка беше смела, со нагласени очи, комплетирајќи го совршениот стајлинг за прославата.

На списокот на гости се најдоа многу познати имиња од светот на естрадата, но меѓу нив не била нејзината колешка Драгана Мирковиќ, која поради обврски не можела да присуствува. Сепак, Драгана сакала на посебен начин да ѝ го честита роденденот на Тања, па решила да ѝ испрати убав подарок.

Фото: 24sedam/Olga Tomić

За роденденот на Тања, Драгана подготвила голем цветен аранжман од бели рози, украсени со розови плишани мечиња, што секако ја израдувало роденденската девојка. Покрај подарокот, Драгана испрати и емотивна порака со која уште еднаш покажа колку се грижи за својата колешка и пријателка.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....