23.8 C
Скопје
16:16 - 28 септември, 2026

(Видео) „Дечкото ми ме изневери со маж“: Пејачката со години не можела да се закрепне од она што го дознала

Пејачката Сара Рељиќ неодамна проговори за тешкиот период од својот живот, кога дознала дека дечкото ја изневерил – и тоа со маж. Сара објасни дека најпрво дознала дека тој имал афера со друга девојка, што тешко го поднела, но вистинскиот шок дошол кога сфатила дека бил интимен и со маж.

„После тоа, по речиси една година, се појави еден човек кој ми беше како сонце во целиот тој мрак. Јас и претходно се прашував што не е во ред, зошто не е заинтересиран … (се смее). Еден пријател ми рече дека мисли дека тој е ’во другиот тим‘. Потоа се навратив наназад, ги погледнав неговите пораки со еден пријател …. Кога дознав дека ме изневерил со маж, ми беше десет пати полошо отколку да беше со жена. Многу брзо клопчето се одмотка и сè се дозна. Го лекував своето срце долго време“, изјави Сара за Блиц.

Инаку, пејачката и порано зборувала за ова искуство, откривајќи дека нејзиниот поранешен дечко бил јавна личност.

Да потсетиме, Сара неодамна откри уште една непријатна ситуација што ѝ се случила за време на настап:

„Пеам јас, а еден тип од публиката ми покажува на градите. Му велам: ’Срам да ти е!‘ Тој продолжува, а јас му викнам во микрофон: ’Реален ли си, срам да ти е!‘“

„Потоа ми приоѓа и ми вели: ’Ти испадна градата.‘ Човекот само сакал да ми помогне! Јас пола час пеев така – со таа ’атракција‘ надвор. Но, Боже мој, среќа што никој не снимил! Не знам ни како се случи тоа“, низ смеа раскажа пејачката во емисијата „Амиџи шоу“.

Слични објави

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.
Се вчитува....