04:05 - 9 ноември, 2026

Мис Бугарија откри кој е нејзиниот идеален маж

Висок, рус, со сини очи и – најважно од сè – со многу пари. Таков можеби е идеалниот маж за повеќето убавици, но не и за Мис Бугарија 2020, Венцислава Тафкова. Убавицата од Пловдив има сосема поинаква претстава за совршениот партнер, а своите размислувања ги сподели со следбениците на социјалните мрежи, пренесува порталот „Ние-жените“.

„Ми се допаѓаат мажи кои знаат што сакаат и умеат да ја направат жената до себе среќна. Отсекогаш сум сакала да бидам приоритет за мажот до мене  да ме поддржува и да се грижи за мене“, изјави 26-годишната манекенка.

Таа е категорична дека мажот покрај неа мора да биде силна фигура. Иако е еманципирана и независна, Венцислава признава дека во врска сака целосно да ја изрази својата женствена енергија и да се чувствува заштитено.

Друг услов кој го смета за важен е мажот да биде постар од неа, иако не прецизира колку години разлика би ѝ одговарало.

До неодамна, Тафкова била во врска, што и самата го открила, но признала дека таа љубовна приказна е завршена. Иако ретко зборува за приватниот живот, изгледа дека сè уште не го нашла мажот кој го исполнува нејзиниот идеал.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....