15:23 - 9 ноември, 2026

Украина ќе настапи на ЕВРОВИЗИЈА само ако војната заврши! Оркестарот Калуш се, за сега, на безбедно, го снимаат настапот кој ќе се емитува виртуелно во Торино

Оркестарот Калуш одлучи да не излезе на сцената, освен ако Русија дефинитивно не ја прекине инвазијата. Во спротивно, изведбата ќе биде виртуелна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by КАЛУШ (@kalush.official)

Војната меѓу Русија и Украина нанесе и тешки последици врз светот на забавата. Конкретно на изборот за песна на Евровизија, закажан во Торино од 10 до 14 мај 2022 година. По исклучувањето на Русија, извесно е дека и Украина нема да биде присутна на сцената, доколку не заврши војната.

Организацијата на Евровизија го потврди присуството во ПалаОлимпико (Торино) на оркестарот Калуш, претставник на украинската делегација. Но, само неколку дена по објавувањето, бендот ја смени одлуката. Музичарите се изјасниле дека ќе настапат во живо само доколку до 10 мај конечно биде завршена војната што ја уништува нивната татковина.

Доколку војната до тогаш не заврши, оркестарот Калуш ќе го сними нивниот настап на безбедно место и ќе го испрати до организаторите на Евровизија.

Украинските музичари веќе почнале да го снимаат својот настап кој виртуелно би се прикажувал во Торино. Одлуката е донесена, и меѓу другото, што со оглед на драматичната ситуација во земјата, би можело да биде речиси невозможно или многу комплицирано да стигнат до Италија за да можат да настапат на сцената. За сега, музичарите се на безбедно место и го подготвуваат својот настап во близина на Киев, во пограничен град засега далеку од руското бомбардирање.

Инаку, според кладилниците каде гласаат еворвизиските фанови, украинските претставници се пласирани на првото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....