23:56 - 7 ноември, 2026

Трагедија во семејството на Мирослав Илиќ: Се удави неговиот братучед, се огласи пејачот скршен од болка

Во Мрчаевци кај Чачак вчера наутро се случи трагедија во која почина М. И. (64), братучед на пејачот на народна музика Мирослав Илиќ (75). Мажот се удавил во шахта што се наоѓа во близина на семејната куќа.

Според достапните информации, станува збор за несреќен случај. Иако итната служба и полицијата брзо интервенирале, за жал, не можеле да му помогнат. Полицијата направила увид, а истрагата треба да покаже како се случила несреќата и давењето, пишува српски „Блиц“.

Веста за трагедијата го потресе семејството на музичарот. Мирослав Илиќ потврди дека станува збор за негов братучед.

– Да, точно е, се случи трагедија. Што да кажам, многу сум тажен – кратко рекол пејачот.

Мирослав Илиќ се огласил и на социјалните мрежи и напишал: „За жал, вистина е. Знаете дека немам роден брат, тој ми беше најродениот! Бевме многу блиски, но не можам да зборувам за тоа“.

Извори тврдат дека отишол зад куќата за да го намести вентилот. Но, не се вратил.

– Отишол да заврши нешто, но не се врати, па се загриживме – рекол изворот.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....