22:30 - 7 ноември, 2026

Тони Цетински откри дека поминува многу време во манастир: Пејачот таму готви, мие садови, а со постење ослабнал 13 килограми

Тони Цетински откри дека ослабел 13 килограми благодарение на долгиот пост што тој и неговата сопруга Дубравка го следат во текот на целата година.

Имено, хрватскиот пејач во интервју за „Ин магазин“ рече дека пости секоја среда и петок, а риба јаде најмалку двапати неделно.

– Често сум на море, скоро секој ден, жена ми ќе полуди само од тоа, има мир, зен, свеж воздух и мора да бидеш добро – рекол Тони, кој толку се заљубил во риболовот што секој слободен момент го поминува во риболов.

– Го практикувам постот со сопругата цела година, не затоа што мораме, или затоа што фанатично сакаме, туку затоа што едноставно сум навикнат на тоа – објаснил тој.

Кога не е на море, Цетински и неговата сопруга сакаат да поминуваат време во манастир.

– Во Опатија, спроти станот во кој живеевме, има манастир и таму им помагавме, готвиме, миеме садови, сите тие нормални работи надвор од теолошките работи и таму, сакале или не, секој ден учите по една приказна – додал тој.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....