22:44 - 7 ноември, 2026

„Повеќе не работам за неа, а причината е…“: Поранешната ќукна помошничка на Драгана Мирковиќ открива непознати детали за пејачката

Српската пејачка Драгана Мирковиќ неодамна објави дека се развела од Тони Бијелиќ по повеќе од две децении брак.

Во медиумите се откриени нови детали од животот на пејачката, бидејќи поранешната домашна помошничка, која со години работела во нивниот замок во Виена, ја споделила својата приказна за нивниот однос.

Куќната помошничка истакнала дека Драгана никогаш не дозволила парите „да ѝ удрат во главата“, и дека секогаш останувала стабилна и нормална и покрај тоа што има сè на светот.

– Драгана ја познавам цел живот и веднаш можам да кажам дека парите не ѝ удираат во глава на таа жена. Таа и покрај сè што има, остана стабилна и нормална, а има сè на светот. Јас со години им служев на Драган и Тони, понекогаш им ги чував децата кога беа мали додека Драгана настапуваше. Што да кажам за Гага, која ме третираше како другарка… Вистина е дека бараше максимална чистота и хигиена, но тоа веројатно се подразбира – рекла таа и додала дека тоа што пејачката го направила за неа во животот, никој не го направил.

– Таа многу ми помогна во животот, мене и моето семејство нè носеше на летни и зимски одмори, на син ми му купи автомобил, ги гледаше моите деца како да се нејзини, сè ни обезбеди – рекла поранешната куќна помошничка на Драгана Мирковиќ.

Иако не сакала да ја открие причината за своето заминување, поранешната домашна помошничка нагласува дека Драгана Мирковиќ останала „навистина посебна жена“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....