22:57 - 8 мај, 2024

Том Круз ја „украде“ Кејт Мидлтон на црвениот тепих во Кан (и Вилијам се тргна настрана)

На лондонската премиера на „Top Gun: Maverick“ беа и Војводите од Кембриџ. И за неколку моменти на црвениот тепих, Круз ја „украде“ сопругата на идниот крал, пружајќи ѝ ја раката, галантно, додека се качуваше по скалите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа исто така присутни на лондонската премиера на Top Gun: Maverick. Таа, убава, дотерана во мал црн фустан, на црвениот тепих повеќе личеше на холивудска ѕвезда отколку на принцеза. И очигледно го освои и главниот јунак на филмот: Том Круз. Актерот, присутен на премиерата, за неколку моменти на црвениот тепих ја „украде“ сопругата на идниот крал, пружајќи и ја раката, галантно, додека се качуваше по скали. Вилијам само ја набљудуваше сцената со собрани усни, допирајќи ја машната. Израз што според експертите за говор на телото начи: „Има моменти кога мажот треба да се тргне настрана и да ги гризне усните. Кога легендарна ѕвезда на легендарен филм „флертува“ галантно со вашата сопруга, тоа е еден од тие моменти“.

Слично нешто му се случило на таткото на Вилијам, Чарлс, кога Џон Траволта ја поканил принцезата Дијана да танцува додека тој гледал.

Кејт, продолжуваат експертите за говор на телото, „судејќи според нејзините насмевки, таа изгледаше речиси исто толку со стравопочит кон Круз, како што изгледаше Дијана во времето кога тацуваше со Траволта“. Но „флерото“ помеѓу холивудската ѕвезда и идната кралица траеше неколку моменти. Време е да се качат по скалите. Тогаш кралската двојка им се придружи на Круз и неговите колеги Џенифер Конели и Мајлс Телер.

Фотографиите од гала вечерта покажуваат, меѓу другото, како Круз и Вилијам разговараат и како се смеат. Од друга страна, двајцата, имаат „многу заедничко“: „И двајцата ја сакаме Англија, двајцата сме пилоти и сакаме да летаме“. Не случајно за време на гала вечерта, внукот на кралицата, пилот на хеликоптер, му оддаде почит на продолжението на Топ Ган носејќи чевли на кои е извезен авион.

Сигурно не е првпат Вилијам и Кејт да се прошетаат на црвениот тепих на премиера на филм. Минатиот септември, на пример, заедно со Чарлс и Камила, присуствуваа на промоцијата на најновиот филм за Џејмс Бонд ,Нема време за умирање, во Ројал Алберт Хол. Па дури и тогаш Кејт, со својот блескав златен фустан достоен за холивудска ѕвезда, ги освои сите. Том Круз, од своја страна, се соедини со членовите на кралското семејство по втор пат за неколку дена. Минатиот викенд тој беше во Виндзор за големото шоу „Галоп низ историјата“ кое ја започна прославата на платинестиот јубилеј. И по тој повод, во својот говор, големиот обожавател на кралицата рече: „Се сретна со претседатели, светски лидери, луѓе од сите сфери на животот. Нејзиното достоинство, нејзината посветеност и нејзината добрина се познати во целиот свет. Ми се допаѓа тоа”.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ бос пешачи кон Грција: Пејачот откри што ќе се случува утре, на 18-тиот ден

Еспресо

Бресквица згрозена од настапот на Ирска на Евровизија: „Сакав да премолчам, но не можам… што е ова?“

Еспресо

Синот на Ведрана Рудан: „Таа не е депресивна поради ракот“

Еспресо

(Фото) Претставничката на Словенија на Евровизија со една фотографија ги обедини земјите од поранешна Југославија

Еспресо

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо
Се вчитува....