22.8 C
Скопје
13:17 - 28 септември, 2026

Том Брејди по пензионирањето најавува дека нема да „брка“ девојки: „Ќе се концентрира на своите деца и бизнис“

Пензионирањето на најдобриот играч на американскиот фудбал на сит времиња, Том Брејди предизвика стотици гласини и  шпекулации околу тоа што сега ќе прави победникот на седум Супер Боулови во НФЛ.

Веќе неколку месеци, по разводот со бразилскиот супермодел Жизел Бундхен, Брејди е предмет на илјада гласини поврзани за љубовниот живот – која ќе биде новата „сопственичка“ на неговото срце или која убавица би можела да го освои на љубовниот фронт.

Но, убавиците кои се подготвени да кренат рака, ќе мора да почекаат, бидејќи според неколку извори блиски до Брејди, кои разговарале за британски „Пејџ сикс“, сега веќе поранешниот бек на Њу Ингланд Патриотс и Тампа Беј Баканиерс не планира да излегува со никого, бидејќи сака да се концентрира на одмор, да биде со своите три деца и да се грижи за својот бизнис.

Всушност, Брејди изнајмил голем стан во Сурфсајд, една од најексклузивните области на Мајами, и излегува со неколку пријатели кои ги има во таа област, меѓу кои и поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам.

Се верува дека видеото со кое тој го најави своето повлекување од НФЛ е снимено во областа на плажата каде што се наоѓа станот.

Според изворите цитирани од страна на „Page Six“, Брејди ќе биде посветен речиси целосно на своите деца – двете што ги доби во врската со супермоделката Бундхен (Бенџамин, 13 и Вивиен, 10), како и со својот првороден син Џек (15), кого го доби од врската со актерката Бриџит Мојнахан.

„Брејди даде се од себе во последната сезона во НФЛ, но сега е подготвен да даде се за своето семејство и неговиот нов живот“, изјави извор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

„Неговите деца, на крајот на краиштата, беа причината што тој ја донесе оваа одлука за пензионирање. Никогаш не мислеше дека тој и Жизел ќе се разведат. Тој не го сакаше разводот“, додаде изворот.

 

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....