20.8 C
Скопје
20:23 - 29 септември, 2026

Тирамису со малини, колач за супер расположение!

Најпопуларниот италијански колач тирамису потекнува од Сиена, се препоставува дека бил првпат создаден во 17 век во чест на Козимо ди Медичи, а популарноста ја добил за веме на Првата светска војна. Самиот збор тирамису во италијанскиот речник се појавува дури во 1980 година.

Зборот тирамису доаѓа од венецијанскиот дијалект (tiramesù), а во превод значи „подигни ме“ (расположи ме). Расположението всушност доаѓа од таму што колачот се подготвува(л) со рум (бисквитите се натопувале во рум или рум помешан во кафе), денес пак најчесто се подготвува со какао.

Секако, истиов рецепт може да го направите со рум наместо со какао.

Потребни  намирници

500 грама малини, ¼ чаша какао во прав, 180 грама бело чоколадо, 2 чаши вода, 250 грама крем-сирење, 300 милилитри павлака (слатка), 3 јајца, 250 грама пишкоти, 1 филџан џем од малини, 1 филџан шеќер.

Подготовка

Ако малините се замрзнати оставете ги прво на топло да се одмрзнат, а чоколадата растопете ја на пареа. Какаото разматете го во топла вода и оставете го потоа да се излади.

Изматете го со миксер крем-сирењето, додадете ја павлаката и продолжете да матите. Постепено додадете го белото чоколадо.

Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот. Добиената смеса додадете ја на онаа со слатката павлака.

Бисквитите натопете ги во растопеното какао, поставете ги во сад и потоа премачкајте ги со половина од кремот. Покријте со слој од растопени малини. Натопете го остатокот на бисквитите во какао па ставете ги врз малините. На крајот додадете го останатиот дел од кремот и готовиот тирамису ставете го во фрижидер. Кога ќе се излади, распоредете го останатиот дел од малини и прелијте со џемот кој претходно сте го растопиле во микровалната.

Слични објави

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.
Се вчитува....