31.8 C
Скопје
18:02 - 9 септември, 2026

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Тамара Тодевска се отвори за моментот кога во јавноста се зборуваше дека ја прекинала врската со Лука Радовиќ.

Таа отворено зборуваше за љубовта, довербата и за некои свои постапки од минатото во гостувањето во „Полиграф“ кај Стефанатор. Таа призна дека еднаш му го проверила телефонот на својот партнер, но вели дека денес веќе не прави такви работи.

На прашањето дали му го проверува телефонот на партнерот, Тамара одговори: „Не. Ми се има случено еднаш. Не сум таква девојка. Што имам јас да проверувам телефон? Нека го проверуваат мојот“, рече Тодевска низ смеа.

Кога водителот ја праша зошто сепак еднаш го направила тоа и дали имало нешто конкретно што го предизвикало нејзиниот сомнеж, таа одговори:

„Мала шега. Така ми дојде. Имаше нешто конкретно.“

Тамара беше категорична и на прашањето дали се сомнева во љубовта на својот партнер Лука.

„Не“, одговори таа.

Во разговорот се наврати и на видеото што своевремено го објави на Инстаграм по раскинувањето на љубовната врска. Денес признава дека нејзината реакција била избрзана и дека набргу сфатила оти претерала. Станува збор за шеговито видео со децата, во кое Тамара пишува пораки на телефонот, а Хана ја прашува кому му пишува. Тамара одговара дека ѝ пишува на сестра ѝ, додека поентата на видеото била содржана во натписот „Кога твојата сингл мајка повторно почнува да излегува на состаноци“. Токму по оваа објава медиумите објавија дека Тамара навестила оти нејзината врска со архитектот Лука Радовиќ завршила.

„Не сум размислувала на таа тема. Искрено, мислам дека беше избрзана реакција и воопшто не беше намерно. Откако го објавив и кога ги видов реакциите на луѓето, сфатив што сум направила и дека малку сум претерала. Тоа видео веќе го нема на мојот профил. Многу брзо откако го објавив, го избришав. Тоа не беше баш во ред од моја страна“, призна Тодевска.

Пејачката одговори и на прашањето дали е точно дека во моментов има повеќе од пет отворени судски спорови. Прашањето ја изненади, па низ смеа одговори: „Пет? Не“, се насмеа Тамара, а потоа откри дека има само еден судски спор.

Кога разговорот се префрли на сообраќајните прекршоци, Тодевска призна дека со казните ситуацијата е поинаква.

„Не мислам на судски спорови и такви работи, ама казни, еден тон, да“, рече таа.

Тамара периодов е актуелна и со новиот визуелен албум „Кукла жива“, кој го промовираше на 3 септември во Скопје. Албумот содржи десет песни, а пејачката во истото гостување откри дека во целиот проект вложила околу 120.000 евра.

Во „Полиграф“ Тодевска зборуваше и за други моменти од приватниот живот. Таа откри дека една нејзина љубовна врска завршила поради религиозни причини, но нагласи дека за неа ниту верата ниту националноста некогаш биле пречка кога станува збор за љубов.

Слични објави

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.
Се вчитува....