21:06 - 9 ноември, 2026

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Бенките се мапа на нашата личност и показател на иднината, тврдат кинеските астролози. Симон Вонг составил „Краток водич за бенки“ наведувајќи во него што претставуваат тие и што значи нивната положба.

Чело
Доколку се наоѓа на средина од челото, ќе ве следи лоша комуникација со авторитети. Ако бенката е на едната страна, тоа значи дека сте енергични и одлучни.

Очни капаци
Нестабилни семејни односи може да се кријат зад бенката на капакот од окото, додека пак бенката што се наоѓа под окото може да претставува претерана емотивна осетливост.

Веѓи
Бенка под веѓата означува добро здравје, а над – богатство без многу труд.

Уши
Ако на ресичката од увото имате бенка, значи дека сте добри, праведни и ценети во друштвото. Доколку е во увото, долго ќе живеете, а на врвот на увото значи дека сте многу интелигентни. Успешните луѓе имаат бенки на двете ува.

Раце
Ако имате бенка под лактот значи дека сте емпатични, а доколку е на дланката, означува дека сте многу талентирани за уметност.

Нозе
Личностите со изразена сексуалност имаат белег на колковите, а на колената имаат оние што се материјалисти. Лидерите имаат бенки на стапалата.

Врат
Бенка на ова место може да донесе големо животно разочарување. Ако бенката се наоѓа на средина од вратот, тоа значи дека личноста е проблематична.

Образи
Ако се наоѓа на преклопот на образот, тоа може да биде предзнак за големи несреќни случувања.

Нос
Без разлика на тоа дали се наоѓа на врвот или на средина од носот, бенката на тој дел од телото значи проблеми и тешка работа.

Усни
Ако бенката се наоѓа на аголот од горната уста, значи дека сте хедонист и естет. Доколку е на долната, децата ќе ви бидат успешни.

Стомак
Што поблиску до средината на стомакот се наоѓа вашиот белег, толку повеќе успех ќе ве следи во животот.

Грб
Успехот е гарантиран за они кои имаат бенки на грбот.

Задникот
Великодушни и хумани личности, кои уживаат во добрите вкусови, имаат бенка на ова место.

Гради
Белег на градите е знак за добра мајка, а на брадавицата навестува дека ќе имате успешни и среќни деца.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....