14:26 - 8 ноември, 2026

Таа не се плаши од Путин, ја води Финска во НАТО: Сана Марин се појавува пред медиумите во кожна јакна и се забавува во ноќни клубови

Иако многумина се обидуваат да ѝ најдат мани и скандали, тоа не и пречи многу и таа продолжува понатаму. Популарна е зашто е млада, интересна жена, претставува нов бран на политика и знае да ги користи социјалните мрежи на вистински начин.

Финската премиерка Сана Марин деновиве се здоби со популарност бидејќи е жена што му се спротивстави на Владимир Путин објавувајќи дека ќе ја внесе земјата во НАТО и игнорирајќи ги неговите закани.

Instagram

Марин стана премиерка на 34 години, а воедно е и најмлада личност на таа функција. Планира да воведе четиридневна работна недела и шестчасовен работен ден, како и намалување на јаглеродниот отпечаток, пренесува РТЛ Директ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

Финската премиерка има интересен инстаграм-профил каде што може да се видат интересни објави, од селфи со Трудо до селфи како ужива на снег.

Марин се најде на насловната страна на „Тајм“, а „Форбс“ минатата година ја рангираше меѓу 100-те најмоќни жени во светот. Но, таа се вози со јавен превоз, купува во локалните продавници и одржува прес-конференции облечена во кожна јакна.

Не паѓа на провокации

Таа знае да преземе одговорност, што на многу други политичари не им оди од рака кога се во неволја. Не паѓа на провокации. Иако многумина се обидуваат да ѝ најдат мани и скандали, тоа не и пречи многу и таа продолжува понатаму. Популарна е зашто е млада, интересна жена, претставува нов бран на политика и знае да ги користи социјалните мрежи на вистински начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

Финците ја сакаат зашто е отворена и не ѝ е проблем да се извини кога ќе погреши, како кога се забавуваше во клуб наместо да биде во изолација бидејќи нејзиниот министер беше позитивен.

„Секако дека се извинувам за моето однесување и за она што го направив. Не се однесував најдобро и се извинувам поради тоа“, изјави тогаш таа.

instagram

Работела во пекарница и дистрибуирала весници

Пред да стане член на локалниот совет, а потоа и член на Народното собрание и министерка, таа работела во пекарница и дистрибуирала весници.

Марин јасно и гласно кажа дека не се плаши од заканите на Путин. „Нема да дадам временска рамка за нашите одлуки, но мислам дека тоа ќе се случи прилично брзо, за неколку недели, а не месеци“, рече таа.

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....