04:54 - 23 октомври, 2026

Сведочење на Кејт Мос: „Џони Деп никогаш не ме турна по скалите!“, изјавата на Амбер е урбана легенда

„Џони Деп никогаш не ме турна по скалите“. Супермоделката Кејт Мос одговараше цврсто и решително, повикана да сведочи во судскиот процес против Амбер Херд тужена за клевета од ѕвездата на Пиратите од Карибите.

Британскиот супермодел, кој од 1994 до 1998 година беше во врска со тогашниот американски секс симбол, беше повикана како сведок од адвокатите на Деп, откако Амбер Херд, која го обвинува нејзиниот поранешен сопруг за семејно насилство, во сведочењето ја спомна Кејт Мос тврдејќи дека, во времето на нивната врска во 90-тите, Џони Деп ја турнал својата девојка по скалите додека биле на одмор во Јамајка. Но, ова е само урбана легенда и денес британскиот модел го потврди тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kate and Johnny (@kateandjohnny)

Кејт сведочеше во судницата само 5 минути преку видео-врска од нејзиниот дом во Глостершир,  облечена во црна јакна и блуза закопчана до вратот  таа тврдеше дека поранешното момче никогаш не ја „турнал, клоцал, ниту пак ја фрлил по некоја скала“.

„Излегувавме од собата, а Џони беше надвор пред мене“, му одговори Мос на адвокатот на Деп, Бенџамин Чу. „Но, имаше невреме и скалите беа лизгави. Паднав и го повредив грбот. Врескав, вистина е, но бидејќи почувствував голема болка и не знаев што се случи, не знаев дали ситуацијата е сериозна“.

Во тој момент, според сведочењето на манекенката, актерот веднаш истрчал по неа за да ја спаси: „Џони притрча да ми помогне, ме врати во мојата соба и повика лекар“, рече Мос.

Накратко, по Кортни Лав – која во видео на Јутјуб рече дека Деп ја спасил од предозирање благодарение на кардио-пулмоналната реанимација во 1995 година – и нејзината колешка Ева Грин, која сведочеше исто така во полза на Деп, Џони Деп сега собира нов авторитетен (и познат) глас во негова корист.

Но, има и такви кои веќе пресудија – тоа е веб судот, кој уште пред поротата да одлучи: Џони Деп за нив веќе победи.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....