19.8 C
Скопје
15:15 - 26 април, 2024

Судската сапуница Џони Деп -Амбер Херд продолжува: НОВИ ДЕТАЛИ за исечениот прст и цигарите на Амбер

„Сам сум се ранил? Јас сум гитарист, зошто да ја уништам мојата голема страст?” вели актерот, кој зборува и за Џејмс Франко и Кит Ричардс.

Судскиот процес на двајцата поранешни сопружници Џони Деп и Амбер Херд продолжува и носи моменти на напнатост и грозно„препукување“. Во своето ново сведочење, Деп одговарал на дополнителни прашања за делумната ампутација на прстот на десната рака, што според актерот го предизвикала Амбер Херд со скршено стакло.

Џони Деп известува дека епизодата била предизвикана од правна работа поврзана со нивниот развод:

„Раката ми беше на работ од шанкот и таа, додека се расправавме, фрли кон мене две шишиња вотка, првото се скрши врз мене, додека вториот се удри во мојот прст и коските ми се скршија на илјада парчиња… искрено, јас дури и не почувствував болка“ – вели Деп.

„Кожата беше отсечена, а коската на прстот отскокна од раната. Во тој момент имав еден вид нервен слом и почнав да пишувам на ѕидовите мали потсетници за нашето минато користејќи крв, тоа беа фрази кои ги претставуваат сите лаги што ги кажа за време на нашата врска а кои јас ги открив“, додаде Џони Деп.

За време на судењето се слушнало и аудио во кое докторот Дејвид Кипер, кој интервенирал во спасувањето на прстот на Џони Деп, вели: „Погледнете колку многу е*ена крв! Колку е големо парчето кожа што го бараме? Има ли некаде прибор со завои? Го бараме врвот на средниот прст. Проверив и во корпата, но немаше ништо што личи на месо“.

Адвокатите на Амбер Херд, сепак, ја отфрлаиле оваа реконструкција и побарале од Џони Деп да ја покаже пораката испратена до доктор Кипер, во која тој пишува:

„Исеков прст од десната рака за да ме потсети да не сечам и од левата“. Актерот одговори дека тоа е само негов начин да се справи со иронијата и дека никогаш намерно не би се здобил со таква рана:

„Свирењето гитара е нешто што најмногу го сакам после моите деца. Тоа е мојот спас од мојата 12-та година. Зошто требаше да добијам таква рана со која би ризикувал да не можам повеќе да свирам? Дали требаше да научам одново да свирам, со еден прст помалку? Требаше ли да му се јавам на Кит Ричардс да го прашам што да правам?“

На друга снимка која ја продуцирале адвокатите на Херд, се слуша тепачка во која актерката му вика на Џони Деп:

„Фрли ги цигарите на некој друг, не на мене!“.

Оваа случка ја негира актерот, кој вели дека  „тоа е дел од претерувањето на Мис Херд“, како што ја нарекува неговата поранешна сопруга од почетокот на судењето. Деп во Судот има улога да се брани, но сепак, оди и во контранапад: доколку обвиненијата на Херд се покажат како лажни, таа би ризикувала дури и затвор.

Во целата хаотична ситуација се открива дека би можел да биде повикан во судницата и колегата Џејмс Франко, под сомнение дека има љубовна афера со Амбер Херд. Не е исклучено во судницата да влезе и Илон Маск, поранешен љубовник на Херд.

Слични објави

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо
Се вчитува....