14:19 - 18 август, 2026

Средбата на Хоакин Феникс и принцот Вилијам поттикна дискусија: Дали актерот го исмеа принцот? (ВИДЕО)

Хоакин Феникс (45), еден од најдобрите холивудски актери на својата генерација, пред неколку дена беше награден на БАФТА наградите за најдобра машка улога, а беше и една од најголемите ѕвезди на 73-та церемонија на доделувањето на престижните награди.

Помеѓу оние кои сакаа да ја искористат можноста и да се запознаат со него, беше и принцот Вилијам (37), кој со сопругата Кејт Мидлтон беше еден од почестените гости на церемонијата. На друштвените мрежи се најде кратка снимка од нивната средба и веднаш привлече многу внимание. Војводата од Кембриџ му пришол на актерот, пружил рака, а Феникс благо се поклонил и веднаш го тргнал погледот, додека принцот Вилијам рекол: Мило ми е.

Сепак, со оглед на тоа што е обичај машките припадници на кралското семејство да не се поклонуваат, туку да климнат со главата, овој гест на Феникс многумина го протолкуваа како негов начин да го исмее принцот Вилијам и монархијата. Од друга страна, има и оние кои веруваат дека актерот не го знаел тоа правило, односно дека само сакал да покаже почит спрема војводата.

Како што јавуваат британските медиуми, принцот Вилијам за време на разговорот истакнал дека е обожавател на Феникс.

„Многу ми се допадна „Џокер. Неверојатен е. Одложував и одложував да го гледам, бидејќи сите ми велеа да бидам внимателен, но ме воодушеви, многу е добар“, рекол Вилијам.

Profimedia

Американскиот актер и британскиот принц, инаку имале слична порака во своите говори на доделувањето на БАФТА наградите, односно и двајцата обрнале внимание на тоа диверзитетот помеѓу номинираните не е доволно застапен и дека доминираат бели актери и режисери. Всушност, Феникс бил исклучително остар, па при примањето на наградата рекол:

„Почестен сум и привилигиран што вечерва сум овде. БАФТА секогаш ја подржувале мојата кариера и на тоа сум благодарен. Жал ми е што морам да кажам дека чувствувам внатрешен судир, бидејќи многу мои колеги актери ја немаат истата привилегија. Мислам дека праќаме многу јасна порака дека „луѓето со боја“ не се добредојдени овде.“

Феникс е познат како страствен активист во врска со многу важни друштвени теми, а неодамна е уапсен на протестот на кој беше барано да се направи нешто повеќе за решавање на климатските промени. Ден после доделувањето на БАФТА наградите, посетата во Лондон ја искористил за да присуствува на протестот кој го организирало здружението „Еднаквост кон животните“.

Слични објави

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо
Се вчитува....