14:17 - 21 ноември, 2026

„Спиењето под милион ѕвезди не може да го замени ниеден хотел“: Маја Кикириткова откри на каков одмор најмногу ужива

Таа е една од најпознатите штипјанки, популарната модна дизајнерка Маја Кикириткова важи за инспиративна женa, дама којашто охрабрува и мотивира и често е гласноговорник за многу важни општествни теми. Но, Маја важи и за една од најуникатните дами од јавната сцена.

Кикириткова редовно воодушевува со својата естетика на Инстаграм. Нејзините објави се како излезени од модно списание. Семејните фотографии секогаш привлекуваат внимание кај јавноста, бидејќи како што може да се забележи, таа се грижи за тоа сите четворица да бидат ускладени. Порај тоа што се компатибилни таа со сопругот, како во тонот, стилот, боите, материјалите, успева да ги ускалди и своите малолетни деца, а знаете колку е тешко да „натерате“ дете да облече нешто.

Овојпат Маја нè поздравува од преубавата Истра. Деновиве таа со своето семејство ужива на Јадранот, а на објавата што ја сподели на социјалните мрежи напиша дека ова бил најубавиот одмор за неа. Открива и што мисли за кампувањето.

 

И конечно можам да кажам дека ова е најубавиот одмор што сме го имале. И конечно можам по втор пат Истра да ја ставам во топ три дестинации за шетање. И уште еднаш ми се повтори истото, спиење под милион ѕвезди, не може да го замени ниеден хотел. Слободата која ја нуди кампувањето за нашето семејство е незаменлива. И да, кампување или сакаш, или не си пробал, напиша Кикириткова.

 

 

 

Воодушевува изгледот на Кикириткова со едноставен бел ленен фустан, голема сламена шапка со црна лента и компатибилна чантичка. Ова потстеува како да излегла од Бакенгемската палата.

 

Маја како и секогаш инспирира со своите модни комбинации. Комплет од  бели ленени панталони со преубав топ на долги ракави, а белата боја совршено оди со кафени детали, па дизјанерката овој аутфит го надополнина со ниски папучи и чантичка во кафена боја.

 

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....