13:52 - 15 ноември, 2026

„Сега ги има овие од 100 евра“: Карлеуша ја поткачи девојката на Тошиќ, па откри кој бил подобар сопруг

Српската пејачка Јелена Карлеуша гостувала во емисијата „Амиџи шоу“ каде што изнела низа детали од приватниот живот. Јелена не се двоумела да се осврне ниту на своите поранешни, пропаднати бракови, кога открила дека поранешниот сопруг Душко Тошиќ ѝ испратил порака.

Повод за нејзиното гостување била промоцијата на новите песни од албумот „Енигма“, а во таа прилика Јелена проговорила и за емотивната балада „Сад је све океј“. Зборовите од моќната балада привлекле големо внимание, бидејќи таа му се обраќа и на својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, кој не можел, а да не реагира на нејзините зборови.

Како што открила Карлеуша, Душко Тошиќ по долго време ѝ испратил порака и цитирал дел од песната:

– „Да цркнам, нели?“ – напишал Душко Тошиќ, како што тврди Карлеуша, на што таа кратко одговорила:

– „Да“ – му порачала Јелена на својот поранешен сопруг.

Сепак, тоа не е сè. Во рубриката „Прашања од Инстаграм“, Карлеуша ја прашале:

– Кој беше подобар сопруг, Бојан Кариќ или Душко Тошиќ? – гласело прашањето.

– Да беа добри, немаше да бидат поранешни – одговорила Карлеуша.

– Но, кој би беше подобар, ако мораш да изберете? – повторно ја прашала водителката Тијана.

– Подобар беше оној на кого му родив две деца и со кого поминав 17 години. Знам дека за него бев скапа инвестиција, како што тој вели, јас бев дупка без дно што троши и ги пали парите на мојата кариера, сега ги има овие во буџетот до 100 евра, па ќе биде подобро – рекла Јелена Карлеуша.

 

 

–

Слични објави

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova
Се вчитува....