11:38 - 15 ноември, 2026

(Видео) Ана Николиќ направила хаос во трговски центар во Белград, обезбедувањето морало да реагира

Српската пејачка Ана Николиќ обожава да го поминува слободното време во еден трговски центар во Белград. Така било и пред неколку дена, кога пејачката го поминала целото попладне во трговскиот центар, каде што во бутиците пробувала облека и обувки.

Сепак, откако завршило работното време на трговскиот центар, а последните посетители го напуштиле објектот, Ана одлучила да остане во него и да направи сопствена „журка“.

Николиќ одлучила да пушти музика на својот мобилен телефон, а потоа почна да се снима себеси пред затворените бутици, додека звукот на песните одекнувал низ ходниците на речиси празниот трговски центар. Нејзиното однесување го привлекло и вниманието на еден член на обезбедувањето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Како што дознава српски „Курир“ од извор на местото на настанот, во еден момент музиката била толку гласна што се слушала низ целиот ходник. Ана шетала од излог до излог, пеела, танцувала и снимала видеа како да е среде музички спот. Оние што се нашле таму ја гледале со неверица. Обезбедувањето набрзо ѝ пришло и љубезно ѝ објаснило дека трговскиот центар е затворен и дека поради вработените кои сè уште работеле и го подготвувале објектот за следниот ден, не може да пушта гласна музика и да прави бучава. Меѓутоа, наместо да заврши со снимањето, Ана ја сменила локацијата.

Пејачката со лифтот се симнала до подземната гаража, каде што продолжила со снимањето и танцувањето. Целата ситуација предизвикала чудење кај сите што се затекнале во гаражата во тој момент, додека некои луѓе, додека влегувале во своите автомобили, застанувале да видат што се случува.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Ана својата забава ја објавила на своите профили на Инстаграм и Тикток, а видеата и коментарите на нејзините следбеници веднаш станале вирални.

Инаку, Ана и пред неколку дена направила хаос на социјалните мрежи и тоа од истото место.

Ана објавила видео од гардеробата, каде што пробувала нова облека. Во добро расположение, танцувала на музиката, а вниманието го привлекла блузата со длабоко деколте што ја носела без градник. Во текот на танцувањето, горниот дел од гардероберот се поместил, а снимката накратко открила повеќе отколку што пејачката веројатно сакала да покаже.

Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции од корисниците. Додека некои ја пофалија нејзината самодоверба и енергија, други коментираа дека стајлингот е премногу провокативен.

 

 

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....