6.8 C
Скопје
08:46 - 20 октомври, 2026

Состојбата на Ен Хеч се влошува: Актерката е во кома по сообраќајната несреќа

Актерката се здобила со оштетување на белите дробови и изгореници и е моментно на механички вентилација. 

Состојбата на актерката Ен Хеч се влошила по сообраќајната несреќа во која се удрила зад воланот на нејзиниот автомобил во ѕид од куќа во Лос Анџелес. Ова го изјави нејзиниот портпарол, а пренесува Си-Ен-Ен.

„Во текот на викендот, претставник изјави дека Ен е во стабилна состојба, но информациите се неточни. Таа секогаш беше во критична состојба, падна во кома по инцидентот“, рече портпаролот, наведувајќи дека актерката има „значајна повреда на белите дробови која бара механичка вентилација и изгореници за кои е потребна операција. Моментално се лекува во Центарот за изгореници Гросман“.

Актерката е под истрага и за возење под дејство на алкохол. Резултатот од земање крв направен на денот на инцидентот сè уште не е достапен, изјави полицаецот од Лос Анџелес, Ени Хернандез за Си-Ен-Ен. Со оглед на нејзината состојба, инспекторите не можеа да ја испрашаат, пренесува раињуз.

Слични објави

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо
Се вчитува....