15.8 C
Скопје
00:25 - 30 септември, 2026

Рене Зелвегер отворено за стареењето: „Ни кажуваат секакви работи за да ни го продаваат своето ѓубре од производи“

Рене Зелвегер е синоним за одлични комедии и една од омилените холивудски русокоси. Меѓутоа, кога станува збор за изгледот и убавината, американската актерка уште во 2014 година беше критикувана поради тоа што наводно направила некои промени на лицето, што особено се гледало во пределот околу очите.

Две години подоцна, Рене ги отфрли сите овие тврдења, тврдејќи дека никогаш ништо не корегирала по лицето. А сега оваа позната Американка јасно стави до знаење што мисли за забавување на стареењето.

„Среќно на сите губитници кои допрва треба да ја достигнат мојата возраст. Уште колку треба да поминете и да преживеете за да ја достигнете оваа мудрост и зрелост“, рече 53-годишната актерка, а потоа додаде дека ги презира козметичките компании кои нагласуваат дека жените треба да изгледаат помлади отколку што се.

„Не можам да ги поднесам сите тие компании кои им кажуваат на жените дека не треба да изгледаат во согласност со нивните години. Сето ова ни го кажуваат за да ни го продадат своето ѓубре од производ. Јас сум збунета. Што сакате да кажете со тоа? Дека повеќе не сум вредна затоа што имам 53 години? Има голема разлика помеѓу тоа да си апсолутно најдобар, најжив и да сакаш да бидеш она што не си“, рече таа.

„За да бидете убави, мора да ги прифатите годините, инаку живеете извинувајќи се, а мене тоа воопшто не ми е убаво“, заклучи Рене.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....