17.8 C
Скопје
16:48 - 18 октомври, 2026

Соседите го „одврзаа јазикот“ за Лазар Ристовски и неговата помлада девојка: Што е многу, многу е…

Српскиот актер Лазар Ристовски неодамна ја шокираше јавноста кога по разводот со актерката Даница Ристовски, ја призна романсата со 39 години помладата Аница Лазиќ. По оваа вест, која одекна како бомба, стигна уште една – девојката на Лазар Ристовски се вселила во неговиот апартман во „Белград на вода“, каде сега живеат заедно, пишува српски „Блиц“.

Бидејќи актерот зад себе има неубав период поради разводот, кој секогаш е најтешка работа за сопружниците, за Лазар конечно започна животот. Дека Лазар и Аница живеат живот во љубов, потврдија и неговите соседи, а актерот блеска поради новата избраничка.

Во блиската продавница велат дека Лазар доаѓа по набавка на некои намирници.

– Лазар доаѓа по некои попатни ситници и секогаш е дотеран и зад себе остава облак од парфем. Изгледа прекрасно за неговите години, добро, сега, тоа не значи дека треба да излегува со толку помлада девојка. Не би сакал да го осудувам, но што е многу, многу е.

Соседите од оваа модерна населба истакнуваат дека разликата во години меѓу Лазар и Аница е преголема.

– Во прашање е голема разлика. Не можам ни да замислам што за тоа мислат нејзините родители – открила за медиумите продавачка од населбата дека девојката на Лазар Ристовски е одговорна за тоа што актерот изгледа свежо и подмладено.

– Тој постојано брза некаде, а неа не би ја препознал доколку не ја видам со него. Некако не ми е впечатлива. Даница не сме ја виделе овде, мислам дека тој во нашата населба се пресели по разводот. Човекот води сметка за себе, но никој не очекуваше дека ќе биде во врска со толку млада, но тоа секако е негова работа. Верувам дека многу луѓе му завидуваат – вели еден сосед.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....