17.8 C
Скопје
15:29 - 18 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Силен ветер и снег, еве кога и каде

– Како што најавивме, услови за локално провејување на снег ќе има и во текот на утрешниот ден а ќе дува и засилен ветер од северен правец (на некои места со брзина и од над 60 км/час). Потоа од петок па натаму следува период на претежно стабилно и суво време со многу повеќе сончеви периоди. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Потоа во следните денови следува период на претежно стабилно и суво време со многу повеќе сончеви периоди.

Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 7 степени. Повисоки максимални дневни температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....