– Утре и во четврток како што веќе најавивме, под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со грмежи. Нов ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава. И во Скопскиот регион утре ќе дува засилен ветер од северен правец и ќе има услови за повремен локален пороен дожд проследен со грмежи. Од четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека од петок температурите позначително ќе порастат. Максималните дневни температури во Скопје во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен – објаснува Попоски.
Слични објави
Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете
(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови
„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила
(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом
Се вчитува....
