7.8 C
Скопје
02:21 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Спремете се за голем студ, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, додека попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, и тоа особено во западните предели. На планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и во ноќните часови ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски,  до вторник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Услови за врнежи од снег повремено ќе има и на некои места со надморска височлина одоколи па и под 1000 метри. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Стабилизирање на времето ќе има од среда па натаму, кога и температурите ќе бидат уште пониски, и тоа поради понатамошен продор на студената воздушна маса од север.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....