13.8 C
Скопје
00:17 - 2 мај, 2024

КЕЈТ МИДЛТОН ДЕНЕС ГО СЛАВИ 40.РОДЕНДЕН: Која е навистина идната кралица на Англија?

Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам и идна кралица на Обединетото Кралство, денес, 9 јануари, полни 40 години. Карактеристична е по внимателно одбраниот и секогаш беспрекорен изглед, вродена склоност кон естетиката, Кејт Мидлтон всушност го претставува амблемот на совршена принцеза. И иако се зборува дека Мидлтон била воспитувана и образована токму за оваа улога, не може да се негира дека мисијата била совршено успешна.

Никогаш не рекла погрешен збор во јавноста. Игледа како совршена мајка, совршена сопруга, убава жена и посветена на сопругот: сега, на 40 години, може да се каже дека Кејт Мидлтон ја освои улогата на смирувачка фигура во Кралството, карпа за која треба да се фатите во морето разбранувано од сексуални скандали, бегства, огорчени вести и обвинувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Меѓутоа, кога некој е принуден да се придржува до строги правила, лесно е да падне во искушението да изгради маска. Затоа е природно да се запрашаме: која е навистина Кејт Мидлтон? Британскиот магазин Hello! се обиде да одговори на ова прашање со интервјуирање на некои од нејзините најблиски пријатели. Така се покажа дека во реалноста Кејт отсекогаш била „природно интровертна“, како и дека била многу самобендисана и забавна.

Изворот вели дека бидејќи е многу резервирана, таа никогаш себеси не би се замислила на јавна позиција, да не бил „човекот за кој се омажила“. Во тоа време, сепак, Кејт работела напорно секој ден за да ја исполни својата улога на најдобар можен начин. Отсекогаш размислувала за својата долгорочна работа, „фокусирајќи се на децении, а не на години или месеци“. Истиот извор вели и дека долго време ѝ било потребно за да се подготви за јавни настапи, особено за јавно говорење, зашто природно не била способна за тоа. „Тоа воопшто не е нешто што таа сака да го прави“, вели изворот.

Ова што го покажува Кејт е примерна лекција за тоа како никој не е роден совршен – за улога, за работа или едноставно во однос на нечии очекувања – но може да работи на себе и да се труди да ја постигне целта што е поставена. А на Кејт Мидлтон, можеме да кажеме, тоа многу добро ѝ успеа.

Студирала историја на уметност на Универзитетот во Сент Ендрјус, каде го запознала нејзиниот иден сопруг. Двајцата се запознале во 2001 година, а заедно се од 2003 година (освен малата разделба во 2007 година). Кејт е многу сакана од Британците, особено поради нејзиниот елегантен и префинет стил, но, во исто време, поради блискиот однос со обичните луѓе.

Откако се омажи за најстарото дете на Дијана, Кетрин Мидлтон официјално стана „Нејзиното кралско височество, принцезата Вилијам, војвотката од Кембриџ, грофицата од Стратерн, Лејди Керикфергус“. Дека „Принцезата Вилијам“ – потекнува од името на нејзиниот сопруг – потсетува на кралскиот протокол кој предвидува дека титулата принц или принцеза можат да ја користат само оние кои се родени како такви, исто како и нејзините три деца.

РАБОТЕЛА КАКО МОДЕЛ

Пред да се омажи за Вилијам, таа работела за компанијата на нејзините родители. Мајкл и Керол Мидлтон, двајцата поранешни вработени во British Airways, создадоа мала империја со „Party Pieces“, компанија која продава украси за забава. Кога била мала, идната војвотка од Кембриџ позирала со браќата Пипа и Џејмс за семејниот бизнис каталог, облечена во смешни маици и насмеана со шарени кекси во раката.

УЧЕЛА ВО ФИРЕНЦА

Пред да се сретне со принцот Вилијам на престижниот Универзитет Сент Ендрјус во Шкотска, 18-годишната Кејт ја избрала Фиренца како дестинација за нејзино усовршување, во 2000-та година. Страстна за уметноста, особено за ренесансата, тогашната госпоѓица Мидлтон поминала три месеци во главниот град на Тоскана, посетувајќи часовите по италијански и посетувајќи ги музеите.

РАБОТЕЛА КАКО КЕЛНЕРКА

Ако минатото како актерка на снаата Меган Маркл им е познато на сите, можеби малкумина знаат дека Кејт Мидлтон сама заработувала за живот пред да се приклучи на кралското семејство. Извесен период била менаџерка за навацки за англиски бренд за облека (по дипломирањето), а за време на студентските денови работела како келнерка.

За разлика од многу врснички, Кејт Мидлтон не фантазирала кога била млада девојка и во својата соба немала постер од принцот Вилијам. Како што откри самата во едно интервју, на ѕидовите од нејзината спална соба се издвојувала фотографија од модел од познат бренд на фармерки.

СВИРИ КЛАВИР ОД МАЛА

Неколку дена пред Божиќ, војвотката ги изненади сите настапувајќи на пијано за време на концертот „Royal Carols: Together at Christmas“. Кејт почнала да зема часови по пијано кога била  дете, заедно со нејзините браќа и мајката Керол. Музиката е вистинска страст за војвотката која по клавирот, се испробала и во флејта и пеење.

ТАЛЕНТ ЗА ГЛУМА

Кога имала само тринаесет години, Кејт Мидлтон глумела во училишна претстава. Имала улога на девојка која се консултира со гатачка. Во претставата, жената ѝ предвидела на Кејт: „Ќе запознаеш убав и богат човек кој ќе се ожени со тебе и ќе те однесе во Лондон“. Вистинска коинциденција која е речиси неверојатна – шармантниот принц Вилијам, во 2011 година навистина ја донесе во Лондон и се ожени со младата Кетрин, трансформирајќи ја во модерна принцеза на дваесет и првиот век.

 

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....