07:18 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сончево време, идеално за уживање на отворено, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 5 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 1 степен.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро ќе биде многу студено, и тоа особено утре кога минималните температури понекаде се очекува да се спуштат до околу -15 степени. Максималните пак ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат малку над 10 степени.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....