15:12 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: По сонцето, пак дожд, проверете кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа во следните неколку денови времето ќе биде сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и на средината од неделата истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Ново заладување на времето, како и врнежи се очекуваат кон крајот на работната недела.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....