07:47 - 8 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува „пекол“ топло време, но и поројни дождови

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје и околината денес времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени.

Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а на некои места има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност, и во следните денови ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....