15:01 - 9 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува: Еве каде денес ќе врне пороен дожд

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално и тоа особено во западните и во северните предели ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, заислен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Според Попоски, утре и во четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со појава на грмежи. Нов значителен пораст на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....