15:20 - 8 ноември, 2026

Сите зборуваат за петте венчаници на познатата инфлуенсерка: Малку Грејс Кели или Брижит Бардо од француска Прованса…

Познатата шпанска инфлуенсерка Тереза ​​Андрес Гонзалво го заслужи целото внимание викендов благодарение на венчавката со долгогодишниот партнер Игнасио Ајлон во родната Валенсија, а за таа прилика се појави во дури пет фустани.

Помеѓу главната свадбена церемонија одржана во манастирот Санта Марија де Ел Пуиг, на периферијата на Валенсија, невестата се појави во неколку бели фустани за повеќедневна прослава на љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGNACIO AYLLÓN (@ignacioayllonr)

Откако носеше свилен фустан од дизајнерката Инес Нуњез, со кој ја најави свадбената прослава, преоблече три фустани потпишани од шпанскиот бренд Navascués, а по прославата таа се појави во најновата венчаница.

На шпанскиот дизајнер Николас Монтенегро невестата му ја довери задачата да го креира последниот, петти фустан.

„Фустанот има медитерански, валенсиски шмек… Малку Грејс Кели или Брижит Бардо од француска Прованса… Дури има и малку италијански призвук, а првенствено е инспириран од почетоците на гламурот во 50-тите години“. откри креаторот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGNACIO AYLLÓN (@ignacioayllonr)

Со заводлив шлиц на грбот, овој фустан стана дополнително посебен со додавање на бел шешир со лента која невестата ја врза околу главата, како и црна верзија на кожните мокасини Оран со потпис на модната куќа Хермес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle La Razón (@lft_magazine)

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....