9.8 C
Скопје
05:56 - 4 мај, 2024

Што значи наводната болест на Амбер Херд? Како се манифестира „гранично и хистрионско растројство на личноста“, дали се лекува и како?

Судењето Џони Деп против Амбер Херд (и обратно) продолжува во Вирџинија, кое стана еден од најследените медиумски случаи. Станува збор за низа меѓусебни обвинувања кои Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд ги разменуваат на суд, а слушнати од широката јавност. Таа го обвинува за семејно насилство во времето на нивната врска, тој дека ја уништила неговата кариера.

Според форензичкиот психолог Шенон Кари, присутна на судењето, Амбер Херд страда од гранично и хистрионско растројство на личноста, болест која ја имала и пред да биде во врска со Џони Дип.

Сослушана на едно од последните рочишта во судницата, психологот изјави дека според неа Херд не страда, како што тврди, од посттрауматско стресно растројство (ПТСН) поради врската со нејзиниот поранешен сопруг. Адвокатите на актерката го обвинија психологот дека бил ангажирана од Џони Деп за да открие потенцијални предрасуди кон нивниот клиент. Обвинението е отфрлено од психологот.

За време на едно од првите сослушувања на судењето, сведочеше и терапевтот за парови Лорел Ејвис Андерсон, која со видео снимка ги раскажуваше измачените сесии низ кои поминале Алтер Херд и Џони Деп помеѓу октомври и декември 2015 година. „Таа имаше стил на разговор како бор-машина, секогаш со нагол, пробивен и висок тон“, рече терапевтот.

Но што всушност е бордерлајн? Според психијатрите, граничното растројство на личноста е многу контроверзен дијагностички ентитет. Понекогаш тоа дури и не се препознава како специфично нарушување, па се користи како „корпа“ во која се вметнуваат сите оние случаи кои не можат да се дијагностицираат на друг начин. Во реалноста, граничното нарушување има добро познати специфични карактеристики. Во основа, тоа е нарушување на односот, што го спречува субјектот да воспостави стабилни врски/релации на пријателство, наклонетост или љубов со текот на времето. Тоа се луѓе кои го поминуваат животот во состојба на екстремна конфузија и чии односи се осудени на неуспех или се емотивно деструктивни за другите.

Луѓето со гранично растројство на личноста ги вовлекуваат другите, роднините, пријателите и партнерите во вртлог на емоции, од кои често е тешко да се избега. Овие субјекти, всушност, доживуваат поразителни емоции и ги манифестираат на впечатлив начин. Тие драматизираат и преувеличуваат многу аспекти од нивниот живот или нивните чувства. Ги проектираат своите неуспеси на другите, изгледаат како жртви на другите кога често се спротивното – нивни џелати. Тие се однесуваат поинаку, со нагли промени во расположението и однесувањето, во рок од неколку минути или часови.

Граничното растројство на личноста често, и не погрешно, е поврзано со трауматски настани претрпени во детството. На пример, сексуална или физичка злоупотреба, но не кора секогаш да е така.

Најочигледниот и најзагрижувачки аспект на граничното нарушување е тоа што прикажува симптоми кои се потенцијално штетни за субјектот (прејадување, употреба и злоупотреба на супстанции, несовесно возење, промискуитетна сексуалност, самоповредување, асоцијално однесување, обиди за самоубиство итн.). Тоа е исто така поврзано со ненадејни интензивни изливи на гнев.

Кои се последиците?

Граничното растројство на личноста е психопатологија која вклучува сериозни проблеми, со оглед на недостатокот на контрола на импулсите што ги подразбира, релационата нестабилност, тенденцијата за идеализирање и девалвирање на другите луѓе. Често се поврзува со интензивни и експлозивни чувства на гнев, желби за одмазда, параноја, дури и тешка депресија.

Најкомпромитирана област е генерално онаа на романтичните врски. Партнерите на оние со бордерлајн синдром постојано живеат со чувство на одење на минско поле. Тие секогаш се чувствуваат под тест, подложни на неисцрпно барање за демонстрации на љубов, предмет на опсесивна љубомора која често се граничи со параноја.

Нестабилноста на расположението на граничниот пациент често води до (неправилна) дијагноза на биполарно растројство на расположението, но постојат суштински разлики помеѓу двете клинички слики.

Терапевтскиот однос со граничниот пациент е многу проблематичен, бидејќи дури и во овој контекст се активира релациската динамика на пациентот. фото – инстаграм

Како се лекува?

Третманот на граничното растројство на личноста нужно вклучува структурирана психотерапија, по можност со когнитивно-бихејвиорална ориентација. Конкретно, постојат некои пристапи кои покажале ефикасност во бројни контролирани студии. Пред сè, дијалектичката бихејвиорална терапија, замислена од Марша Линехан во САД, а во денешно време широко користена и во Европа.

Примарно е да се запре агресивното или самоповредувачкото однесување, кое често води до итни хоспитализации. Откако ќе се намалат проблематичните ризични однесувања, интервенцијата се движи кон големите тешкотии на овие луѓе во одржувањето стабилна и интегрирана репрезентација на себе и на другиот.

Сепак, терапевтскиот однос со граничниот пациент е многу проблематичен, бидејќи дури и во овој контекст се активира релациската динамика на пациентот. Тоа може да доведе до идеализација на терапевтот (па дури и до заљубување), но и до ненадејна девалвација на терапевтот и последователно прекинување на терапијата. Затоа, одржувањето на терапевтскиот континуитет е многу тешко.

Тешко дека фармаколошката терапија може да биде одлучувачка. Сепак, употребата на стабилизатори на расположението за намалување на импулсивноста, анксиозноста и емоционалната дисрегулација може да бидат до некаде од помош.

 

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....