10:35 - 15 април, 2026

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Се вели дека времето ги лекува сите рани, но за многумина тагата всушност никогаш не престанува. Се проценува дека 10 проценти од луѓето кои изгубиле сакана личност доживуваат продолжена тага (PGD), кое се карактеризира со многу силни чувства како тага или чувство на вина кои траат подолго од шест месеци. Продолжената тага е психијатриско нарушување кое Светската здравствена организација официјално го класифицираше во 2018 година, а се карактеризира со зголемено ниво на стрес поврзано со губењето на саканата личност.

Кога животот ја губи смислата

Овие луѓето поминуваат многу време размислувајќи за починатата личност, тешко ја прифаќаат смртта, имаат суицидни мисли и тешко се враќаат на секојдневните активности. Можат да чувствуваат дека животот изгубил смисла или дека изгубиле дел од својот идентитет, или едноставно не можат да ја прифатат смртта, иако знаат дека се случила. Луѓето кои ја загубиле саканата личност во трауматска или ненадејна смрт имаат поголема веројатност да го доживеат ова нарушување, но тоа не влијае на сите кои искусиле таков губиток, што ги збунува научниците.

Во нова ревизија, објавена во медицинското списание Trends in Neurosciences, научниците испитале што е познато за невробиологијата на продолжената тага и зошто таа постои кај некои луѓе. Тим од Универзитетот „New South Wales“ во Австралија тврди дека пореметувањето на продолжената тага дели некои од мозочните обрасци кои се гледаат кај пациенти со депресија и анксиозност, како и дека постои активност во системите поврзани со награда и приврзаност. Тоа може да значи дека луѓето чезнеат за присуството на своите изгубени сакани на длабоко психолошко ниво, што им го отежнува продолжувањето на животот.

„Продолжената тага е новина во светот на психијатриските дијагнози. Не станува збор за друг вид тага, туку за тоа дека личноста е подлабоко и подолго заглавена во таа тага. Тоа некако се поклопи со идејата дека тагата ја карактеризира желба или копнежот по починатата личност“, вели авторот на студијата, Ричард Брајант, кој со својот тим ги проучувал резултатите од претходни студии за продолжената тага.

Мораме да ги препознаеме оние што се заглавиле во страдањето

Авторот на студијата се надева дека во иднина ќе го прошири истражувањето на поголеми групи ожалостени луѓе за да следи како се менува нивната мозочна активност додека поминуваат низ тага или кога се заглавени во неа.

„Се надевам дека ќе ја подигнеме свеста за ова пореметување. За да знаеме како да се справиме со продолжената тага, мораме да ја препознаеме како пореметување. Постојат терапии што можат да помогнат, но тоа не можеме да го направиме ако не можеме да ги идентификуваме луѓето што се заглавени во страдање“, вели Брајант.

Слични објави

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova

„Тома ги сакаше коцката и алкохолот, а не Силвана“ – Познатиот хармоникаш ги сруши митовите за нивната љубов

Е.А.

Кија Коцкар мета на измамници – за малку ќе ѝ украдеа повеќе од 1.000 евра

Е.А.
Се вчитува....