9.8 C
Скопје
21:55 - 18 октомври, 2026

Соседите со пофални зборови за Лепа Брена: Со нож во рацете тргнала да ги заштити

Соседите на Лепа Брена со години имаат само пофални зборови за пејачката, а една случка особено ја изненадила јавноста – кога таа и нејзиниот син Виктор излегле со нож за да им помогнат.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, соседите на семејството Живојиновиќ од белградската населба Бежаниска коса велат дека Брена е секогаш подготвена да помогне и дека со луѓето од соседството има пријателски однос.

Една соседка раскажала дека пејачката често доаѓала кај нив на кафе, разговарале и се дружеле како блиски пријатели.

„Имаме прекрасен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, разговараме и се смееме. Нормална и природна жена е. Се гледа дека нè сака сите“, раскажала соседката.

Таа открила и необична ситуација која долго се прераскажувала во населбата.

„Еднаш кај нас се активираше алармот, а таа и Виктор веднаш дојдоа со нож. Мислеа дека некој ни провалува во куќата. Навистина се прекрасни“, изјавила соседката.

Друга жена од соседството раскажала дека Брена реагирала и кога во близина се појавил густ чад, мислејќи дека избувнал пожар.

„Излета среде ноќ на улица и веднаш повика полиција и пожарникари“, открила соседката, додавајќи дека пејачката важи за домаќинка и личност која секогаш внимава на луѓето околу себе.

Соседите велат и дека не е реткост луѓе од различни места да доаѓаат пред нејзиниот дом барајќи помош или финансиска поддршка, бидејќи Лепа Брена со години важи за една од најголемите и најбогати музички ѕвезди на Балканот.

Слични објави

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо
Се вчитува....