13:41 - 27 ноември, 2026

Александра Јанева стана мајка: Пејачката и сопругот Иван добија ќерка

Македонската поп-пејачка Александра Јанева влезе во најубавото животно поглавје, се оствари во улогата на мајка. Радосната вест ја споделија преку емотивни објави на социјалните мрежи, откривајќи дека во нивното семејство пристигна девојче.

Александра и нејзиниот сопруг Иван Ангелов за својата наследничка избраа нежно и едноставно име – Тина. На една од честитките објавени по раѓањето стоеше пораката: „Добредојде најмило бебе Тина“, украсена со розови детали и потпишана од мама Александра и тато Иван.

За пејачката ова е уште еден прекрасен момент по низата убави случувања во приватниот живот. По романтичното запросување во Париз и свадбената веселба во Струмица, парот сега доби уште една причина за неизмерна среќа.

Јанева неодамна бременоста ја нарече своја „најнежна трансформација“, а со доаѓањето на малата Тина започнува едно сосема ново и посебно животно поглавје.

 

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....