29.1 C
Скопје
14:14 - 18 јуни, 2026

Фенг шуи: 10 работи што треба да ги отстраните од домот – веднаш ќе почувствувате олеснување

Овој период е идеално време за мал „ресет“ на домот; не нужно голем редизајн, туку чувство на леснотија, мир и повеќе простор за дишење. Понекогаш проблемот не е во квадратите или мебелот, туку во ситниците што се насобираат околу нас и тивко создаваат немир: работи што не ги користиме, агли полни со хаос или предмети што повеќе нè оптоваруваат отколку што нè радуваат. Фенг шуи одамна зборува за тоа како просторот влијае на енергијата, расположението и квалитетот на одморот, а често токму најмалите промени се оние што најмногу се чувствуваат. Ако сакаш домот ова лето да делува помирно, посвежо и „полесно“, можеби е време едноставно да пуштиш некои работи да излезат од просторот.

10 работи што треба да ги отстраните од домот за „полесно“ чувство

Куп работи кај влезот
Чевли, кеси, јакни преку стол, хартивчиња… Знаете на што мислиме. Влезот многу влијае на првиот впечаток кога ќе дојдеме дома. Кога е чист и „проветрен“, целиот стан делува помирно.

Сè што е расипано или „чека поправка“

Напукнати шолји, светилка што не работи, столица што се ниша. Фенг шуи често зборува дека скршените работи носат чувство на застој и лоша енергија.

Облека што не ја носите или што прави да се чувствувате лошо

Парчиња што веќе не ви стојат добро, носат лоши спомени или долго стојат во плакарот – отстранете ги за да може енергијата полесно да тече.

Хаос под креветот

Куфери, стари кутии, кабли со непозната намена, хартии… Под креветот треба да биде што попразно, бидејќи влијае на одморот.

Премногу работи на ноќната масичка

Полначи, сметки, чаши, стари креми… Спалната соба треба да биде мирна и чиста, за да делува смирувачки.

Суви или мртви растенија

Ако имате растение што повеќе „преживува“ отколку што живее, подобро заменете го со здраво растение.

Работи што ви создаваат стрес кога ќе ги видите

Куп хартивчиња, сметки, пеглана облека, фиока во која само фрлате работи… Понекогаш не е проблем количината, туку чувството што го носат.

Огледало што не одговара

Особено ако е спроти кревет, ако веднаш го гледате хаосот или некој темен агол – подобро преместете го или отстранете го.

Премногу декорации

Иако ситниците од патувања се драги спомени, кога полиците се преполни, просторот изгледа неуреден и тежок.

Предмети што ги чувате поради чувство на вина
Подароци што не ви се допаѓаат, работи што „треба“ да ги користите, но не ги користите… и сè што само ви создава лошо чувство. Ако повеќе не ви служат – тие само го оптоваруваат просторот и умот.

Слични објави

(Видео) „Ти благодарам што си нашиот дом“: Новак Ѓоковиќ со помош на дрон ја испиша на небото честитката за 40-тиот роденден на Јелена 

Еспресо

„Не ѝ даваме 115.000 евра на Северина, не сакаме да ни пее ни бесплатно“: Бура од реакции во Тузла по најавениот концерт за Нова година

Еспресо

(Фото) Виктор Апостоловски ја прослави третата годишнина од бракот: „Уште 103 вака, па после ќе правиме муабет!“

Еспресо

(Фото) Новите објави на огнената Хрватка на Светското првенство во фудбал направија хаос на социјалните мрежи

Еспресо

„Почивај во мир“: Биба Додева тажна по загубата на блиска личност

Еспресо

Скандал во емисијата на Сања Маринковиќ – Маја Николиќ збесна поради Станија, па го напушти студиото

E.A.
Се вчитува....